Земјоделците од Карбинци ги добија своите картички за зелена нафта

фото: МИА

Стотина земјоделци од селата во Општина Карбинци денеска ги добија своите картички за зелена нафта. Вработените во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во Штип денеска на терен им ги поделија картички на земјоделците, што не можат да ги земат од канцеларијата во Штип.

Павел Иванов раководител на подрачната единица на МЗШВ-Штип вели дека картичките за зелена нафта се доделуваат на оние земјоделци, кои аплицирале во 2018 година.

– За карбинскиот регион има 1.000 картички за исто толку земјоделци, апликанти за нејзино користење, денеска ги поделивме последните сто на исто толку земјоделски семејства во оваа општина, вели Иванов.

Во општините Штип и Карбинци субвенционирана нафта користат вкупно 1.600 земјоделци. Горан Пешевски од карбинското село Козјак вели дека оваа мерка посебно му помага во намалување на трошоците.

– Со оваа картичка нафтата што ќе ја купам и потрошам ќе биде значително поевтина и тоа за 30 отсто. Ова е добро за нас, а сметам дека ќе биде добар поттик за зголемување на производството, вели Пешевски.

Вредноста на овие картички изнесуваат од 500 до 100.000 денари, а во карбинскиот регион највисоката вредност на картичката ја има добиено земјоделец од Долни Балван.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот