Земјите во кои се носат маски имаат 100 пати помала смртност од коронавирусот

Фото: ЕПА

95% од тајландските граѓани во една анкета одговорија дека и натаму носат маски во јавност и сега кога во целата земја има само по неколку случаи дневно.

Кога коронавирусот кон крајот на јануари почна да се шири од Кина кон другите земји, се чинеше дека оние соседните ќе бидат посебно тешко погодени.

Една од тие земји, Тајланд, се чинеше посебно ранлива – популарна дестинација за кинеските туристи, за илјадници луѓе кои тој месец допатуваа од Вухан, изворот на епидемијата во Кина. И покрај тоа. Тајланд кој има 68 милиони жители, до денеска има само 3.158 потврдени случаи, од кои 3.038 се опоравиа и само 58 починаа.

Бројот на починати од ковид – 19 на милион жители во Тајланд е 0,8. Во САД, заради споредба, 376. Во Шведска 516, во Велика Британија 635, а во Белгија дури 893.

Кинезите се навикнати да носат маски во последните 20 години како поради други заразни болести така и поради загадениот воздух Фото: EPA-EFE/STRINGER

Зошто Тајланд толку добро помина, токму како и другите источно азиски земји? Јапонија, земја од 126 милиони жители, има помалку од илјада потврдени смртни случаи, осносно само 8 смртни случаи на милион жители. Јужна Кореја, со 51 милион жители, има 282, односно 6 на милион жители. Тајван, со 36 милиони жители, има само 7 смртни случаи, односно 0,3 на милион жители. И Кина имаше релативно низок официјален број на заразени и починати, но тие бројки многумина ги доведоа под сомнеж поради природата на кинескиот режим.

Во Источна Азија, каде се носат маски, короната е сузбиена во стартот

Неколку фактори се заслужни за овој успех на источноазиските земји – делумниот карантин, односно т.н. локдаун, следењето на контактите на заразените и волонтери од јавното здравство кои помогнале да се следи ширењето на заразата низ земјата, пишува америкнаското списание Фаст Компани.

Меѓутоа еден фактор се наметнува како клучен – носењето маски. На Тајланд и другите наведени земји тоа беше вообичаено во почетната фаза од пандемијата, кога СЗО инсистираше дека маските треба да ги носи само болничкиот персонал, оние кои знаат дека се заразени од ковид-19 и оние кои ги негуваат дома.

Секако, носењето маски беше раширена појава во Кина и во другите земји од источна Азија и пред појавата на новиот коронавирус, што поради смртоносната епидемија САРС во 2003 година како и поради другите слични заразни болести во последните 20 години, како и поради раширениот загаден воздух.

95% од тајландските граѓани во една анкета одговорија дека и натаму носат маски во јавност и сега кога во целата земја има само по неколку случаи дневно.

Ново истражување:

Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Новото истражување во кое се анализирани податоци за смртноста од коронавирус утврди дека земјите кои вовеле пракса за задолжитечно носење маски во почетната фаза од епидемијата или каде граѓаните самоиницијативно ја усвоиле таа пракса имале стапкна на смртност и до 100 пати помала од оние во кои тоа не било случај.

„Ги прегледавме податоците за 198 земји ширум светот и смртноста од коронавирус. Утврдивме дека земјите каде маските се воведоа порано – пред епидемијата да имаше шанси да се прошири во нивната земја, имале многу ниска смртност, објаснува Кристофер Лефлер, лекар и професор од Вирџинија Комонвелт Универзитетот.

„Ги имате исто така Тајван, Хонгконг, Макао (освен Јапонија и Јужна Кореја), земји во кои маските рано почнаа да се користат. Виетнам и Тајланд се добри примери зошто го задржаа бројот на смртни случаи по глава на жител на многу ниско ниво“, вели Лефлер.

Разликата меѓу земјите во кои маските се носеле и оние каде не се носеле била голема – стапката на смртност расте 8% неделно во првите, во просек, а дури 54% неделно во другите.

Истражување: Хируршките маски е еднакво делотворни како и оние со филтер

Само кај 4% од испитаниците од групата која носела хируршки маски во респираторните капки е пронајде вирус на грип, додека истиот е пронајден кај 26 % од испитаниците кои не носеле маски. Што се однесува до коронавирусот, тој е пронајден кај 30 отсто од испитанците кои не носеле маски, додека кај оние кои носеле воопшто не е пронајден – ниту во респираторните капки ниту во аеросолите.

Хрвататите ја преиспитуваат мерката за задолжително носење маски во јавност Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Дали маските на крајот се корисни или бескорисни? Науката има одговор

Една постара студија од 2019 година спроведена на таме корист од маските, ги споредува хируршките маски со маските со респиратори N95. Таа е спроведена во болниците во шест американски градови на околу 2.400 медицински работници. Студијата покажа дека хируршките маски даваат подеднаква заштита како и поскапите, а понеудобни, маски со респиратори.

Во точно колкава мера ја спречуваат заразата за оние кои ги носат, не е точно утврдено.

Според уште еден труд објавен во угледното списание Бритиш Медикал Џурнал, пропустливоста за вируси кај маските од ткаенина е околу 97%, кај хируршките 44% за четири недели, во болничко опкружување во кое количеството на вируси е многу поголема отколку на друго место.

Но новото истражување кое го спроведоа научниците од Кембриџ и Гринвич утврди дека носењето маски го држи таканаречениот репродуктивен бро (Р0), односно бројот на луѓе кои во просек ги заразува едно лице заразено од ковид-19 е под 1.0 – дури и ако се во прашање помалку делотворните маски од платно.

Наспроти тоа, СЗО уште на крајот на март утврди дека нема докази дека масовното носење маски има корист во сузбивањето на епидемијата, тука дека тоа дури може да биде и штетно, ако луѓето не ракуваат со маските правилно или ако им дава лажно чувство на безбедност па поради тоа не се придружуваат до останатите мерки како држење дистанца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот