Земјите од Западен Балкан ги здружуваат силите на патот кон одржливост

Климатските промени станаа прашање на национална безбедност и опстанок за многу земји, како што ја зголемуваат ранливоста на природните ресурси преку зголемената зачестеност и сериозност на екстремните временски настани.

Климатските промени, исто така, влијаат на производството на храна и вредносните синџири и предизвикуваат значителни штети и загуби во земјоделското производство, одгледувањето добиток, риболовот и шумарството.

Целта на дводневната конференција во Тирана, која започнува денеска, е да ги собере претставниците од Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, да разговараат за националните приоритети за климатска акција. Учесниците ќе ги дефинираат можностите за усвојување заеднички план за климатска акција за Западен Балкан, што би требало да послужи како основа за развој на регионални проекти и програми.

Голем број напори се вклучени во справувањето со климатските промени во земјите од Западен Балкан, вклучително воведување на климатските промени во националното планирање, јакнење на институционалната координација и знаење за развој на политики за климатски промени и спроведување на соодветни активности, решавање на недостатоците во податоци и подобрување на методологиите за проценка на влијанијата врз земјоделството и сродни сектори, собирање точни и ажурирани информации и воспоставување и ажурирање на базите на податоци за емисиите на стакленички гасови.

Земјите од Западен Балкан се обврзаа да обезбедат ефективна имплементација на Парискиот договор и Агендата 2030 за одржлив развој, а достапноста на финансиски ресурси за финансирање на итни мерки за ублажување на и прилагодување кон климатските промени е од голема важност за овие напори. За таа цел, ФАО им помага на земјите во пристапот до финансиски извори за животна средина и климатски промени, како Зелениот климатски фонд и Глобалниот фонд за животна средина.

„Економскиот раст на земјите од Западен Балкан зависи од природни ресурси чувствителни на климатските промени, што доведува до високи трошоци за ублажување и адаптацијата кон климатските промени“, истакна Владимир Рахманин, Помошник-генерален директор на ФАО и Регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија. „Силно јавно чувство за одржливоста на животната средина и климата се појавува во сите делови на светот, но распределбата на финансиската поддршка е нееднаква, а земјите од Западен Балкан имаат потреба од зголемени финансиски ресурси за да можат да се соочат со климатските предизвици“.

Настанот, исто така има за цел да им помогне на земјите од регионот да ги споделат своите искуства, фокусирајќи се на можностите за меѓусебно надополнување на напорите за ублажување на климатските промени и за намалување на сиромаштијата. Ќе се разговара и до кое ниво се напорите на земјите за спроведување на националните придонеси кон климатските промени (NDC).

ФАО и Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП) соработуваат за да развијат детален прирачник за поддршка на напорите на земјите во Европа и регионот на Централна Азија за подобро разбирање на можностите и барањата за пристап до климатски финансии.

„Овој прирачник ќе биде објавен подоцна во 2019 година и ќе претставува важна алатка за одржливо управување со природните ресурси под влијание на климатските промени, како еден од главните приоритети за земјите во овој регион“, додаде Рахманин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот