Земјите од ЕУ воведуваат казни за лажни еколошки производи

Знамиња на Европската унија / Фото: МИА

Земјите-членки на ЕУ ќе треба да наметнуваат казни за компаниите кои даваат непроверени еколошки тврдења за нивните производи, објави денеска порталот Еурактив, пренесува порталот Каматица.

Тој портал имаше увид во предлог-законот што треба да биде претставен на ЕК во наредните недели, а известува дека целта на предлог-законот е да им помогне на потрошувачите да бидат подобро информирани за производите што ги купуваат.

Како што објави Еурактив, во нацртот се наведува дека речиси половина, односно 40 отсто од еколошките тврдења за производите не се поткрепени со факти, така што „потрошувачите немаат веродостојни информации за одржливоста на производите и се соочуваат со погрешни комерцијални практики, како што е недостатокот на транспарентност и кредибилитет на еколошките ознаки, како и против „зелено перење“, т.е. употреба на непотврдени еколошки тврдења во рекламни кампањи.

-Компаниите што имаат „зелени барања“ треба да ги поддржат со стандардизирана методологија за проценка на нивното влијание врз животната средина – се наведува во нацртот. Еурактив објави дека од земјите-членки на ЕУ ќе биде побарано „да воспостават систем за верификација за потврдување на еколошките тврдења“, што ќе го вршат „независни верификатори“.

Дополнително, земјите на ЕУ ќе бидат одговорни да обезбедат дека „тие правила се применуваат“ и да воведат казни кои „треба да бидат ефективни, пропорционални и разубедувачки“, а кои треба да се утврдат врз основа на заеднички критериуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот