Земјите од ЕУ се согласија за заеднички пристап кон „ковид-пасошите“

Ковид пасош
Ковид пасош / Фото: EPA-EFE/Ida Marie Odgaard DENMARK OUT

Земјите од Европската унија се усогласија за заедничкиот пристап кон планираниот сертификат за патување или „ковид-пасош“, соопшти денеска весникот „Бајеришер Рундфунк”.

Таканаречениот „зелен сертификат” треба да го олесни патувањето низ Европа и треба да биде подготвен за имплементација до крајот на јуни, пред почетокот на летните одмори. Документот ќе содржи податоци за вакцинирање, резултати од тестови и информации за прележана инфекција од коронавирус.

Земјите во ЕУ мораат сами да одлучат кои ќе бидат придобивките од сертификатот за нив, како на пример, ослободувањето од карантин. Покрај тоа, тие мораат сами да одлучат дали да ги признаат вакцинациите со вакцини што се одобрени само во одредени земји, а не во ЕУ како целина, како што е руската вакцина „Спутник В”.

Планирано е сертификатот да се издава бесплатно на хартија или во електронска форма, а сите потребни податоци мора да можат да се читаат преку баркод содржан во сертификатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот