Земјите на ЕУ побрзо да се фокусираат на свет без нафта

Вадењето нафта во Русија и земјите од поранешниот Советски сојуз веќе го достигна својот врв и е во опаѓање, а токму од тие извори доаѓа околу 40 отсто од нафтата што ја користи европскиот пазар, се вели во студијата на „Шифт Проџект”.

Француската непрофитна организација „Шифт Проџект” објави студија во која се предвидува дека до крајот на оваа деценија, Европа би можела да има проблеми со снабдувањето со нафта и деривати.

Според оваа студија предвидувањата се дека производството на нафта би можело да падне побрзо, а на најголемите европски економии би им било потребно повеќе време да се префрлат на „чиста енергија”, што според списанието е уште една причина земјите на ЕУ што поскоро да се фокусираат на „свет без нафта”.

Студијата се однесува на проценките дека вадењето нафта во Русија и земјите од поранешниот Советски сојуз веќе го достигна својот врв и е во опаѓање, а токму од тие извори доаѓа околу 40 отсто од нафтата што ја користи европскиот пазар.

Драстично намалување е предвидено и во блиска иднина за нафтата со потекло од Африка, која опфаќа 10 проценти од европскиот пазар, што дополнително ги загрижува медитеранските земји.

Пандемијата на Ковид -19 влијаеше и на нафтениот пазар, пишува весникот. За да се намали ризикот од големи последици од пандемијата, најголемите нафтени компании се принудени да ги намалат планираните инвестиции за 25 проценти или изразено во пари – повеќе од 35 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот