Земјите-членки на НАТО ги потпишаа пристапни протоколи за Шведска и Финска

Апликациите на Шведска и Финска за членство во НАТО/ Фото EPN / Newscom / Profimedia

Триесет сојузници на НАТО денеска го потпишаа пристапните протокол за Финска и Шведска со што е овозможено тие да и се придружат на Алијансата откако парламентите на земјите-членки ќе ја ратификуваат одлуката.
– Ова е добар ден а Финска и за Шведска и добар ден за НАТО. Ова навистина е историски момент, со 32 нации на маса ќе бидеме уште посилни, а нашите луѓе ќе бидат уште посигурни додека се соочуваме со најголемата безбедносна криза во изминатите децении, истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Протоколот значи дека Финска и Шведска можат да учествуваат на состаноците на НАТО и да имаат поголем пристап до разузнавачките податоци, но нема да бидат заштитени со одбранбената клаузула на Алијансата дека нападот врз еден сојузник е напад врз сите, се до ратификација. процесот на ратификација може да потрае и до една година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот