Земјите-членки на ЕУ ќе обучуваат дополнителни 15.000 украински војници

Украина војска EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Земјите-членки на Европска Унија ќе обучат дополнителни 15.000 украински војници, со што вкупниот број војници, кои ќе поминат обука ќе се искачи на 30.000, соопштија неименувани извори од ЕУ.

Постоечката мисија за обука почна во ноември минатата година и има за цел да обезбеди индивидуална, колективна и специјализирана обука на вооружените сили на Украина. Мисијата има за цел да и помогне на украинската армија да ја одбрани својата територија и да го заштити цивилното население, а почна како одговор на украинското барање по руската инвазија.

Зголемувањето на бројот на обучени војници се очекува официјално да го објават претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел за време на средбата со украинските лидери во текот на неделата.

Во тренинг-центарот „Графенвор” кај Нирнберг американската армија најави дека ќе спроведе нова, проширена обука на украински војници.

Американските планови за обука на украински војници за употреба на ракети „Патриот“ се уште еден доказ за вмешаноста на Вашингтон во украинскиот конфликт, реагираше на најавената обука рускиот амбасадор во САД.

Рускиот амбасадор во Вашингтон со критики за плановите на САД за обука на украински војници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот