Земји со најмноги играчи во Топ 5 европските лиги, каде е Македонија? (ФОТО)

Србите имаат дури 36 фудбалери во Топ 5 европските фудбалски лиги (Германија, Англија, Шпанија, Франција, Италија), од нив најмногу играат во Серија А (12), потоа осум во „Ла Лига“, по седум во Бундес лигата и „Лига 1“ и двајца во Премиер лигата.

Втора на оваа листа е Хрватска со 28 фудбалери, следува Босна и Херцеговина (15), па Словенија (10), Албанија (9), Македонија (7), Косово и Црна Гора по шест.

Од нашите интернационалци, Дарко Чурлинов во Бундес лигата ги брани боите на Келн, потоа двајца во шпанската „Ла Лига“, Енис Барди (Леванте) и Александар Трајковски (Мајорка).

Влатко Стојановски е член на францускиот Ним, немаме фудбалери во Премиер лигата, а тројца во најсилното ииталијанско првенство: Елиф Елмас (Наполи), Горан Пандев (Џенова) и Илија Несторовски (Удинезе).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот