Земја во која работодавците ве тераат да го живеете животот и да патувате

Додека во нашата земја, како и во останати земји едвај се добиваат две недели за одмор и патување, Австралијанците знаат како да живеат.

Имено, компанијата “Ernst & Young” им понудила на своите вработени 6 до 12 недели одмор “за живот”.

Што значи тоа?

Времето кое компанијата ви го нуди можете да го искористите за патување, извршување на некоја друга работа или едноставно одмарање во топлината на сопствениот дом.

Компанијата исто така им понудила на своите вработени кои имаат деца да ги искористат распустите и празниците за да поминат повеќе време со семејството или, како алтернатива, да работат половина работно време три месеци.

Како што проценуваат од “Ernst & Young”, вработените на кои им е дозволен поголем одмор за 11 отсто подобро ги обавуваатт своите работни задачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот