Земја во која нарко картелите се помало зло од државата

Мескико Фото ЕПА

Во мексиканската држава Мичоакан, малите нарко картели се натпреваруваат со поголемите за превласт и територија, не грижејќи се за населението кое живее буквално во воени услови.

Некои криминални групи веќе се интегрираа во главните економски сектори, вклучително и трговијата со авокадо и лимета, заканувајќи се да го нарушат профитабилното, билатерално трговско партнерство меѓу Мексико и САД, едно од најголемите во светот.

Мичочкан Мексико ‘АВокадо EPA-EFE/Ivan Villanueva

Мексико извезува 3,2 милијарди долари годишно авокадо и 500 милиони долари лимета. Некои картели ги добиваат овие профитабилни зделки. Некои дури садат овоштарници и отвораат фабрики за пакување авокадо за да ги диверзифицираат своите приходи и да ги финансираат нивните напори да заземат што е можно поголема територија, пишува Њујорк Тајмс.

„Постои еволуција кон класичниот италијански стил на криминално-политички односи“, го цитира венсикот истражувачкиот институт фокусиран на јавната безбедност. „Кога мислите на мафијата, тоа е сива зона каде легалното го поврзувате со нелегалното, криминалот со бизнисот и криминалот со политиката, велат од овој институт.

Неодамнешните воени операции беа фокусирани на картелот Халиско, но новоопожарените овоштарници беа јасен знак дека другите картели се обидуваат да освојат територија за да ја пополнат празнината.

Во Мичоакан, до пред неколку месеци единствената мексиканска држава која имаше дозвола за извоз на авокадо во САД, картелите ги исекоа заштитените шуми, принудувајќи го населението да ја напушти земјата. Членовите на картелот почнаа да ги уценуваат и малите производители, кои претходно се сметаа за премали за да вредат трудот.

Мексико Картел EPA-EFE/Ivan Villanueva

Иако не постои јасна проценка за степенот до кој овие криминални групи влијаеле на трговијата, нето профитот од нивните меѓународни операции би можел да достигне до 20 милијарди долари годишно, што е речиси 2 отсто од бруто домашниот производ на Мексико.

Картелот Халиско започна агресивна акција во западните делови на Мичоакан во 2020 година, пресекувајќи ги патишта и деловите од автопатот, со што најголемиот дел од земјата стана непрооден.

Минатата година, овој картел ја презеде контролата и ископа ровови долж делот на главниот автопат и го зазеде Агилила, градот во кој се наоѓа воената база. Мексиканските трупи стационирани таму беа снабдувани со хеликоптери бидејќи сакаа да избегнат директна вмешаност на картелот.

Безбедносните аналитичари велат дека стратегијата на владата била селективна, борејќи се главно против картелот Халиско, а не против помалите групи кои подеднакво ги тероризираат жителите.

Престедател на Мексико АНдрес Мануел Лопез Обрадор Фото: EPA-EFE/Rodrigo Sura

Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор дојде на власт во 2018 година, пропагирајќи го мотото „прегратки, а не куршуми“. Меѓу другото, тој вети дека ќе се справи со картелите и ќе ги зголеми средствата за социјалните програми.

Веќе по половина од неговиот мандат оваа стратегија не функционираше. Во 2021 година, имаше речиси петкратно зголемување на бројот на раселени Мексиканци (дури 44.905 луѓе) кои избегаа од насилството на картелот. Илјадници отидоа на север, обидувајќи се да преминат во Соединетите држави и да побараат азил.

Сепак, гувернерот на Мичоакан, Алфредо Рамирез Бедола, сојузник на претседателот Обрадор, рече дека верува оти стратегијата на претседателот ќе ги убеди жителите да се вратат.

М ексико картел војска EPA-EFE/Ivan Villanueva

Армијата направи извонредна работа за да ги врати овие територии“, рече Рамирез. „Сега на ред се цивилните власти, изградбата на инфраструктурата и економскиот развој.

Регионот Тиера Калиенте во Мичоакан неодамна беше сцена на жестоки борби. Домот на водачот на картелот Халиско, Немесио Осегуеро Сервантес, познат како „Ел Менчо“, познат како еден од најбараните луѓе во Мексико и во САД, бил стратешки лоциран за зделки со дрога.

Мексико војска . EPA-EFE/Ivan Villanueva

Припадниците на картелот Халиско тренираа на градскиот плоштад, додека жителите мирно гледаа. На плоштадот имало работилница каде што картелот ги правел своите „чудовишта“, спортски теренски возила со заварени метални плочи на вратите, за да бидат отпорни на куршуми, пренесува Њујорк Тајмс.

Три дена пред армијата конечно да влезе во градот, членовите на картелот Халиско побегнаа.

Некои жители на овој град ја обвинија владата за соработка со картелот „Вијагра“, што гувернерот на Мичоакан го негираше.

„Градот се чувствуваше побезбедно под картелот Халиско. Не ни се допаѓаат, но веќе не ни се допаѓа владата“, рече жител на регионот Тиера Калиенте, кој сакаше да остане анонимен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот