Земањето лекови против болка за време на бременоста може да доведе до бројни компликации

бременост
Фото: Unsplash/Pexels

Жените кои користат лекови против болки во текот на бременоста имаат 50 отсто поголеми шанси да развијат компликации од оние кои не користат.

Истражувачите од Универзитетот во Абердин, Шкотска откриле дека кај жените кои користеле лекови против болки како парацетамол и ибупрофен, имало повеќе случаи на предвремено породување, неонатална смрт, физичко оштетување на фетусот и мртвородени деца.

Околу 30 до 80 проценти од жените ширум светот земаат лекови против болки за да ги ублажат симптомите што може да се појават за време на бременоста, како што се грип, треска или ревматски состојби.

Фото: Unsplash

Во период од 30 години, биле следени бремености на повеќе од 151.000 жени, а истражувачите ги анализирале медицинските податоци на оние кои земале пет вообичаени лекови против болки како парацетамол, ибупрофен, аспирин, диклофенак и напроксен.

Податоците покажаа дека бројот на жени кои земале лекови против болки за време на бременоста се удвоил помеѓу 2008 и 2015 година.

Иако регулаторите тела велат дека парацетамолот е безбеден за бремените жени, тие предупредуваат дека нестероидните антиинфламаторни лекови (НСАИЛ) како што се ибупрофенот и аспиринот не треба да се земаат по 30-тата недела од бременоста.

Научникот Аикатерини Зафеири од Универзитетот во Абердин рече дека идните мајки секогаш треба да бараат лекарски совет пред да земаат лекови без рецепт.

„Со оглед на она што го откривме во студијата, леснотијата на пристап до лекови без рецепт во комбинација со мноштво информации и дезинформации на Интернет е причина за загриженост“, истакна Зафеири. „Ова особено важи за одлуките за земање лекови за време на бременоста без консултација со лекар“, додаде таа.

бременост
Фото: Profimedia

„Треба да се предупреди дека земањето парацетамол во комбинација со НСАИЛ е поврзано со поголем ризик од компликации, па бремените жени секогаш треба да бараат совет од лекар или акушерка пред да земаат лекови без рецепт“, рече Зафеири. „Сметаме дека е исклучително важно што повеќе стручни совети им се достапни на трудниците“, заклучи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот