Земан со поддршка за Орбан: Трансродовите лица се одвратни, а феминистките ме нервираат

Милош Земан / Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Чешкиот претседател Милош Земан во телевизиско интервју во неделата, осврнувајќи се на неодамна усвоениот закон во Унгарија со кој во училиштата се забранува содржина со ЛГБТИ тематика, рече дека ги смета трансродовите лица за „одвратни“.

Земан за емисијата на Си-Ен-Ен го коментираше новиот хомофобен унгарски закон, а притоа изјави дека тој лично ги смета трансродовите лица за „одвратни“.

„Ако подлегнеш на промена на полот, тоа во суштина значи дека над себе си извршил злосторство на самоповредување“, рече Земан. „Секоја операција е ризична и за мене тие трансродови лица се одвратни“, додаде тој.

Законот кој беше донесен претходно овој месец на големо е критикуван и во Унгарија, од страна на опозицијата на Виктор Орбан, но и од страна на европски и светски политичари, невладини организации и други друштва и поединци.

„Виктор Орбан рече дека тој не е против хомосексуалците, туку дека се противи на манипулациите на родителите и децата по прашањето за сексуалната  едукација“, изјави Земан. „Затоа не гледам причина да не се сложам со него, бидејќи ме нервираат феминистки, а исто така и Парадата на Гордоста“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот