ЗЕЛС им подари користени автомобили на две општини

Во просториите на ЗЕЛС, денес градоначалникот на Центар Жупа, Аријан Ибраим и градоначалникот на Зрновци Борчо Коцев-градоначалник на Општина Зрновци ги потпишаа договорите за примопредавање на две користени возила на ЗЕЛС.

-Станува збор за возила марка „Опел“, од кои едното е караван, кои се произведени во 2008 година. Овие возила беа доделени низ транспарентен процес со донесена одлука од членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС на последната седница одржана во Кавадарци. На оваа одлука претходеше предлог донесен од формирана Комисија за распределба на двете користени возила на ЗЕЛС, во состав на градоначалниците на општините: Македонски Брод, Жарко Ристески на Студеничани, Азем Садики и на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. За изборот беа утврдени следните критериуми: 1. Општината да ја платила членарината кон ЗЕЛС заклучно со 2023 година; 2. Општината да има реална потреба од возило што ќе се утврди со бројот на возила кој во моментот го има во своја сопственост, споредена и дополнително направена проверка на пријавениот број на возила на општините со оној утврден во Државна комисија за спречување со корупција.; 3. Општината да не биде поголема од 10.000 жители; 4. Општината да не припаѓа на скопскиот плански регион, изјави Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот