Зеленски: Западот лажеше дека ќе бидеме дел од НАТО

Ветувањата на Западот дека еден ден ќе ја прифати Украина во НАТО биле „лага“, рече Зеленски, објави Украинска правда.

Во исто време, САД и Германија одржуваа контакти со Русија во текот на целата војна

„Од некои држави, мислам дека првично не беше многу транспарентна политика, не не поддржаа во НАТО. И тоа беа само лажни зборови дека, да, Украина ќе биде во НАТО. Тоа беше неправедно кон Украина и Украинците. Беше неправедно и од нашите лидери, тие ветија дека ќе бидеме во НАТО и мислам дека имаше слаба позиција на Германија и САД, бидејќи тие секогаш се повикуваат на фактот дека некогаш имало некакви договори со Русите, рече Зеленски.

Според него, западните земји претходно воделе „не многу визионерска политика“, давајќи лажни ветувања за влез на Украина во НАТО, бидејќи по децении интеграција во алијансата тоа никогаш не се случило

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот