Зеленски: Војната ќе заврши во 2025 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека ситуацијата на бојното поле „создава можност“ да се преземат чекори за ставање крај на војната во Украина најдоцна до 2025 година.

„Во октомври, ноември и декември имаме шанса да ги придвижиме работите кон мир и трајна стабилност. Ситуацијата на бојното поле создава можност да го направиме тој избор – изборот на одлучувачка акција за завршување на војната најдоцна до 2025 година“, нагласи украинскиот претседател на средбата Украина-Југоисточна Европа во Дубровник.

Украинскиот претседател исто така рече дека поканата за членство во НАТО ќе биде чекор кон мир, бидејќи Русија ќе претрпе геополитички пораз.

Геополитичката безбедност зависи од тоа дали Украина има место во НАТО. Ако има, тоа значи дека Путин ќе ја изгуби својата геополитичка моќ. Украина е независна земја која има право на самоопределување, има право да ја избере својата иднина, рече Зеленски во својот говор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот