Зеленски вети: Ќе дадам сè од себе за да го вратам Крим во Украина

Володимир Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

 Украинскиот претседател Владимир Зеленски вети дека ќе стори сé за да го врати полуостровот Крим, кој беше припоен кон Русија пред седум години, и ги повика меѓународните сојузници да ги поддржат овие напори.

Тој зборуваше на самитот Кримска платформа, кој Украина го организираше за да го зголеми притисокот врз Русија поради анексијата во 2014 година, која поголемиот дел од светот ја прогласи за нелегална. Ова придонесе за исклучително заладување на односите меѓу западните земји и Русија.

Во воведниот говор, Зеленски вети „дека ќе стори сé за да го врати Крим, така што Крим, заедно со Украина, ќе стане дел од Европа”.

„За тоа ќе ги искористиме сите можни политички, правни и, пред се, дипломатски средства, рече Зеленски, додавајќи дека на Киев му треба „ефикасна поддршка на меѓународно ниво”.

На самитот присуствуваа високи претставници од 46 земји и блокови, вклучувајќи ги САД, ЕУ и Турција. На самитот имаше претставници од сите 30 земји -членки на НАТО.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го осуди самитот како „антируски настан”.

Зеленски ја обвини Русија дека го претвори Крим во „воена база” и „упориште за Русија да го зголеми своето влијание во регионот на Црното Море”. Тој рече дека Москва тројно го зголемила своето воено присуство на Крим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот