Зеленски: Украина не треба да чека со години за да влезе во ЕУ

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски / 15 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володомир Зеленски вели дека Украина не треба да чека со години за да се приклучи во Европската Унија, пренесува Би-Би-Си.

„Мораме брзо да го поминеме овој пат“, рече тој, додавајќи дека нападот на Одеса ја зајакна итноста за пристапување во ЕУ.

„Ги повикувам сите што имаат владини функции да ја видат својата должност, работата кон членството во ЕУ, како битка на првата линија за нашата држава, за Украина, за вас и мене“, рече тој.

„Мораме да работиме на подготовките за влез во ЕУ со истиот интензитет и одговорност што ги ставивме при подготовката за кандидатурата“ додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот