Зеленски: Украина ќе излезе посилна од оваа војна

Владимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ / POOL

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно се огласи на социјалните мрежи, велејќи дека Украина ќе излезе посилна од оваа војна.

„ Украина беше убава, но сега ќе биде уште поубава благодарение на нашиот народ. Слава на Украина. Одличен проект за обновување. За луѓето. За развој на нашата земја и на цела Европа“ – рече Зеленски.

Заедно со овој текст прикачи и фотографии од луѓе од улица, кои и покрај војната не кријат насмевка од нивните лица, со што сака да ја покаже непоколебливоста на украинскиот народ.

Видео на денот