Зеленски: Украина и е благодарна на ЕУ за рестриктивните мерки против Русија

Владимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ / POOL

Украина и е благодарна на Европската унија за континуираните рестриктивни мерки против Русија, но крајно време е за заострување на санкциите, изјави денеска украинскиот претседател Владимир Зеленски по 23. самит ЕУ-Украина во Киев.

-Едно од важните прашања на состанокот беше координацијата со ЕУ со цел мирно решавање на кризата во Донбас. Се согласуваме дека Русија е целосно одговорна страна во кризата, рече Зеленски на прес -конференција по самитот, што ја оддржа заедно со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пренесе Анадолија.

Зеленски додаде дека „ниту кршењето на човековите права на Крим не може да се игнорира”, а одлуката на ЕУ да воведе санкции против осум лица поради загрозување на украинската територија е важен чекор во тој поглед.

-„Северен тек 2″, исто така, предизвикува нови проблеми. Треба да дефинираме заедничка визија со Европа во областа на енергетската безбедност. Се договоривме да почнеме дијалог на високо ниво со ЕУ во областа на енергетиката, рече Зеленски.

Изразувајќи благодарност до Европската комисија за вториот пакет помош од 600 милиони евра, Зеленски рече дека таа е многу важна за макроекономската стабилност на Украина

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот