ЗЕЛЕНСКИ убедливо води на парламентарните избори во Украина

Партијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски освои 43,9 отсто гласови на денешните парламентарни избори во земјата. Ова се резултати во основа на обработените податоци на излезните анкети.

Излезната анкета на аналитичкиот центар „Разумков“ и на Киевскиот меѓународен институт за социологија се однесуваат само на мандати што се бираат по пропорционалниот модел, но не и за мандати по мнозинскиот систем.

Украинските граѓани денеска се изјаснуваа за вкупно 424 мандати од кои 225 отпаѓаат на пропорционалниот модел, а 199 на мнозинскиот.

На второ место со 11,5 отсто од гласовите е партијата на тајкунот Виктор Медведчук, кој важи за близок соработник на рускиот претседател, Владимир Путин, кој се залага за понуда за автономија на областите под контрола на проруските сепаратисти на истокот на Украина. Според излезните анкети, место во украинскиот парламент ќе има за уште три листи кои го минаа цензусот од пет отсто добиени гласови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот