Зеленски: Со Путин го имав НАЈТЕШКИОТ разговор во животот

Володимир Зеленски/ Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски рекол дека разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, кој се одржал на 7 август, бил најтешкиот во неговиот досегашен претседателски мандат.

Во разговор за враќањето на Украинците кои биле затворени во Русија, Зеленски се сетил на тој телефонски разговор со Путин.

„Се договоривме на првата етапа на одмрзнување на нашиот дијалог и за прекин на војната – враќање на нашите војници, нашите затвореници“, рекол Зеленски.

За време на разговорите со Путин, одлучено е да се создадат работни групи за враќање на затворените Руси и Украинци.

„Се договоривме дека во рок од месец дена треба да разговараме многу содржително и да работиме многу силно, без лаги, па да ги вратиме нашите момци дома“, рекол Зеленски.

Враќањето на затворениците, Зеленски го нарекол „првата етапа од прекин на војната во Донбас“.

Шефовите на државата разговарале на телефон на 7 август. Од Кремљ било сооштено дека Путин и Зеленски разговарале за решавање на конфликтот во југоисточна Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот