Зеленски: Северна Кореја загуби 4.000 војници во судирите со Украинците

Зеленски на состанокот на Контакт групата во базата Рамштајн во Германија/Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Загубите на Северна Кореја во руската војна против Украина веќе изнесуваат 4.000 војници, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски на отворањето на 25-тиот состанок на Контакт групата за прашањата на одбраната на Украина во германската база Рамштајн.

Претседателот на Украина рече и дека доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа на 20 јануари отвора „ново поглавје“ за Европејците, кои мора „уште повеќе да соработуваат“, уверувајќи дека тоа го гледа како „период на можности“.

„Јасно е дека се отвора ново поглавје за Европа и за целиот свет – за само 11 дена – време кога мора да работиме уште повеќе заедно, да се потпираме уште повеќе еден на друг и да постигнеме уште поважни резултати“, рече Володимир Зеленски од воената база Рамштајн во Германија каде се одржува конференцијата на сојузниците на Украина.

Распоредувањето на западните воени сили во Украина ќе придонесе за „притискање на Русија кон мир“ , рече украинскиот претседател.

„Распоредувањето на сојузничките воени сили е една од најдобрите алатки за притисок врз Русија кон мир“ , рече тој. „Да бидеме попрактични во спроведувањето. Дозволувањето на производство на американски противвоздушни системи во Украина може да биде важен дел од безбедносните гаранции за Украина, рече украинскиот претседател. „И тоа е апсолутно возможно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот