Зеленски: Руското раководство ќе падне по поразот на Кремљ во војната против Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руското раководство ќе падне по поразот на Кремљ во војната против Украина.

„Киев и сите наши градови, цела Украина, ќе стават крај на историјата на деспотизмот на Москва, кој поробува многу народи многу долго време“, рече Зеленски во своето секојдневно видео обраќање.

Во оваа прилика тој не и се обрати на јавноста од својот кабинет како и обично, туку на улицата пред претседателската канцеларија во Киев.

„Украинската воздушна одбрана успеа речиси целосно да одбие еден од најголемите руски напади со беспилотни летала од почетокот на војната“, рече Зеленски, додавајќи дека „Москва се обидела да му го расипе денот на Киев“.

„Киев низ својата историја преживеа злосторства, а ќе ги преживее и руските напади и нема да дозволи Русите да го освојат“, додаде Зеленски.

Тој додаде дека „оружјето, како што се беспилотните летала Шахед користени во нападот, не можат да ги спасат руските владетели“ и дека „Русија ќе ја изгуби војната бидејќи ги презира животот и културата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот