Зеленски: Руските војници кои пукаат во или од нуклеарната централа Запорожје стануваат посебна цел

Володимир Зеленски, претседател на Украина/Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украина е фокусирана кон руските војници кои пукаат во заземената нуклеарна централа на југот на земјата или ја користат како база од која се пука, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за бројните неодамнешни инциденти со гранатирање на нуклеарната централа Запорожје, која е најголема во Европа.

Руските трупи ја зазедоа нуклеарката на почетокот на руската инвазија на Украина.

„Секој руски војник кој или пука во централата или пука користејќи ја нуклеарната централа како покритие, мора да разбере дека станува посебна цел за нашите разузнавачки агенти, за нашите специјални служби, за нашата војска”, рече Зеленски во своето полноќно видео обраќање

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот