ЗЕЛЕНСКИ: Русија да ѝ го врати Крим на Украина и повторно ќе биде член на Г-8

Володимир Зеленски/ Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и предложи на Русија да и го врати Крим на неговата земја за да моѓе назад да го добие своето место во групата највлијателни земји во светот- Г8, пишуваат руските медиуми.

Зеленски на својата ФБ страница напиша дека Русија треба да го прекине конфликтот во источна Украина и да ги ослободи Украинците кои се наоѓаа во руските затвори. На тој начин земјата ќе даде силен сигнал дека „сака мир и е подготвена повторно да го заземе своето место во големата дипломатија”.

Претходно американскиот претседател Доналд Трамп се согласи со предлогот на неговиот француски колега Емануел Макрон, на средбата на Г7 во САД, во 2020 година, да биде поканета и Русија.

За враќањето на Русија во Г8 Макрон кажа дека тоа би било грешка без пред тоа да не се разреши кризата во Украина.

Против враќањето на Русија во Г7 досега се изјаснија британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот