Зеленски разреши висок командант во украинската армија

Украинскиот претседател Зеленски/ЕПА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски  денеска го смени од функција висок армиски функционер кој раководи со трупи на источниот дел на земјата.

Потегот е преземен додека Киев со месеци се бори да ги задржи силите на Москва на исток, речиси две и пол години од војната.

„Одлучив да го сменам командантот на Здружените сили на вооружените сили на Украина, генерал-полковник Јуриј Содол, и на негово место да го назначам бригаден генерал Андриј Гнатов“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање, пренесе МИА.

Тој не даде детали за причините за разрешувањето, но одлуката дојде по критиките од командантот на бригадата Азов, позната по врските со екстремната десница.

Командантот на Азов, Богдан Кротевич, еден ден претходно поднел жалба до службата за безбедност СБУ, барајќи истрага за Содол.

Според извештаите на медиумите, Кротевич го обвини Содол за неспособност и го обвини за смрт на украински војници на фронтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот