Зеленски разговарал со Шолц за „одбранбена помош“

Средба Шолц - Зеленски/ Фото EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIALPRESS SERVICE

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа соопшти дека разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц за одбранбена помош, соработката во енергетскиот сектор и зајакнување на санкциите против Русија.

– Ние сме благодарни за дијалогот на високо ниво со Германија и поддршката за нашата борба, напиша Зеленски на Твитер.

Тој претходно нагласи и дека руската агресија кон неговата земја би била спречена доколку Украина била членка на НАТО.

– Ако Украина беше дел од НАТО пред војната, немаше да има војна, им рече тој на студентите од Институтот за политички студии во Париз, говорејќи преку видео врска.

Зеленски, исто така, рече дека неговата земја е „подготвена” да води преговори „додека не биде доцна”, јави Си-Ен-Ен.

Портпаролот на германската влада изјави дека Шолц нагласил дека Русија треба „веднаш да го прекине конфликтот во Украина, да ги повлече војниците и да го врати територијалниот интегритет и суверенитет на Украина”.

– Канцеларот и претседателот на Украина разменија мислења и за многу конкретни, практични начини за продолжување на поддршката на Украина и се согласија да останат во близок контакт, се вели во соопштението на портпаролот на германската влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот