Зеленски пристигна во Вашингтон: Денес водиме важни преговори

Зеленски / Фото EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Вашингтон за да преговара за испраќање дополнително оружје во Украина. За време на неговата втора посета на САД од почетокот на руската инвазија, Зеленски треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден.

„Денес водиме важни преговори во Вашингтон. Воздушната одбрана е едно од главните прашања за Украина. Потребна ни е поголема воздушна одбрана, поголема поддршка за украинските војници на фронтот“, објави Зеленски на Телеграм, осудувајќи го денешниот масовен руски напад врз неколку украински градови и им се заблагодари на земјите што му обезбедија на Киев противракетни системи.

„Ги соборивме повеќето проектили. Но само повеќето. Не сите. Работиме на целосно лишување на Русија од нејзиниот терористички потенцијал“, додаде тој.

Зеленски во Белата куќа: Пет работи што Украина ги сака од САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот