Зеленски: Прекин на огнот без враќање на териториите само ќе ја продолжи војната

Володимир Зеленски, претседател на Украина/Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за „Вол стрит џурнл“ изјави дека прекин на огнот со Русија без ослободување на окупираните територии само ќе ја продолжи војната.

Тој предупреди дека прекин на огнот само би и овозможил на Русија да ги задржи окупираните украински територии и би ја охрабрил Москва да го прошири конфликтот.

Според Зеленски прекин на огнот би и овозможил на Русија да ги обнови своите сили и да се прегрупира за продолжување на борбите.

Извор: МИА

Видео на денот