Зеленски предупредува: Руските сили можат да се вратат на украинските граници во кое било време

Володимир Зеленски/ Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска ги посети позициите на воените сили во близина на границата со Крим, за време на работната посета на Херсонската област.

Тој предупреди дека руските сили можат да се вратат на украинските граници, соопшти денеска неговата прес-служба.

„Ги гледаме нашите позиции, ја проверуваме подготвеноста на нашите борци, нашите бригади од гледна точка на опремата. Многу е важно да се увиди состојбата во која се наоѓаат нашите војници, нашата армија, како на линијата на фронтот и во резервите – и од технички и од психолошки аспект. Важно е да се разбере дека фактот дека (руските) сили се повлекуваат не значи дека тие нема да се вратат на нашите граници во кое било време“, рече Зеленски.

Во соопштението од неговата прес служба, уште се наведува дека Зеленски ја испитал оперативната состојба и системот за утврдување во близина на границата со Крим, извршил увид во засолништата и рововите и разговарал со дежурните војници, пренесува ТАСС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот