Зеленски предупредува: Русија со помош на олигарси се обидува да направи пуч во Украина

President Andrzej Duda (C-L) with his wife Agata Kornhauser-Duda (C-2L) and President of Ukraine Volodymyr Zelenski EPA-EFE/

Рускиот план за соборување на украинската влада во рок од неколку дена е откриен, тврди претседателот Володимир Зеленски и додава дека зад заговорот стои висок олигарх.

Polish president Andrzej Duda (R) and President of Ukraine Volodymyr Zelenski (L) EPA-EFE/

 

Зеленски им рече на новинарите дека украинските власти „добиле информации дека ќе се случи пуч во Украина на 2 декември“.

„Имаме аудио снимки од руски функционери и Ринат Ахметов“, додаде тој.

KIV01-20020118-DONETSK, UKRAINE: President of FC Shakhtar Donetsk soccer club Rinat Ahmetov EPA PHOTO EPA/SERGEI VAGANOV

Зеленски тврди дека Ахметов, сопственик на фудбалскиот клуб Шахтјор Доњецк и неодамна жесток критичар на украинските власти, потрошил милијарди долари во обид да ја собори владата на Зеленски.

Украинскиот претседател додаде дека не верува оти претприемачот, чие богатство се проценува на над 7 милијарди долари, планирал сам да учествува во пучот.

„Не можете да се борите против својот народ и претседателот кога тие беа избрани од граѓаните на Украина“, рече Зеленски, порачувајќи им на заговорниците дека ќе имаат последици поради овие обиди. Тој исто така рече дека внатрешните закани сега се многу поголем проблем отколку евентуален конфликт со Русија.

Зеленски е на удар на меѓународните набљудувачи за справување со независните медиуми и опозицијата.

Претходно оваа година, Виктор Медведчук, лидерот на најголемата опозициска партија во парламентот, беше уапсен под обвинение за предавство.

Бидејќи деталите од обвинението не се објавени во јавноста, се шпекулира дека неговите деловни интереси на Крим биле причина за неговото апсење. Медведчук инсистира дека обвинението е политичко и го обвинува Зеленски за „диктатура“.

Во септември, украинскиот парламент усвои закон со кој се спречува „олигарсите“ да влијаат на јавниот живот. Критичарите велат дека новиот закон ќе ги таргетира опозициските личности, додека богатите владини покровители ќе останат сами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот