Зеленски повика на акција во обраќањето до ОН, Русија одговори дека тоа е „пи-ар кампања“

Зеленски се обраќа пред Советот за безбедност на ОН / 5 април 2022 г. фото: TIMOTHY A. CLARY / AFP / Profimedia

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот пред Обединетите нации ја обвини Русија дека е „терористичка држава”, а таа одговори дека тој го искористил своето обраќање до Советот за безбедност за „далечинска ПР кампања” во обид да добие уште западно оружје.

Зеленски бара Советот за безбедност да ја исфрли Москва од ОН и да формира суд кој ќе ги истражи дејствијата на руската војска во Украина, која ја изврши инвазијата на 24 февруари. Меѓутоа, Русија има право на вето во Советот и може да се заштити од каква било таква акција.

„Русија нема право да учествува во дискусии и гласање за војната во Украина, која со ништо не е предизвикана и едноставно е колонијалистичка. Ве повикувам да го одземете овластувањето на терористичката државна делегација, рече Зеленски во своето обраќање пред Советот за безбедност преку видео врска.

Заменик-амбасадорот на Русија во ОН, Дмитриј Пољански, изјави пред Советот дека појавувањето на Зеленски преку видео врска го нарушува авторитетот на телото задолжено за одржување на меѓународниот мир и безбедност.

„Советот за безбедност на ОН не треба да се претвори во платформа за далечинска ПР кампања на претседателот Зеленски за да добие повеќе оружје од учесниците на самитот на НАТО”, рече Пољански.

Советот се состана откако Украина соопшти дека рускиот ракетен напад кон трговски центар во понеделникот, при што се убиени 18 луѓе, бил намерно насочен.

Русија негираше дека го погодила трговскиот центар со проектили, велејќи дека погодиле складиште за оружје, предизвикувајќи експлозија од што настанал пожар во трговскиот центар. Таа исто така тврдеше дека трговскиот центар не е во функција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот