Украинскиот претседател Володимир Зеленски/Фото: EPA

Зеленски потпиша закон за испраќање украинска војска во други земји за време на вонредна состојба

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша закон за испраќање единици на вооружените сили на Украина во други земји за време на вонредната состојба, објавено е денеска на веб-страницата на украинската Рада.

Законот уредува дека за време на вонредна состојба, единиците на вооружените сили на Украина можат да бидат испратени во странство со задача да обезбедат национална безбедност, да одбиваат и одвраќаат вооружена агресија, да го заштитат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина или да го остварат правото на самоодбрана во согласност со член 51 од Повелбата на ОН, пренесува агенцијата Укринформ.

Текстот на законот е изменет по предлог на украинскиот претседател Зеленски, кој прецизно ја објаснува постапката за донесување одлуки за распоредување на единиците на вооружените сили на Украина во странство и нивно престојување надвор од земјата во согласност со нормите на меѓународното право.

Според Укринформ, на 15 јануари Врховната Рада го усвои Законот за изменување и дополнување на одредени закони во врска со одредени прашања за испраќање единици на вооружените сили на Украина во други држави за време на периодот на војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот