Зеленски побара противвоздушни системи од Јужна Кореја

Володимир Зеленски, претседател на Украина/Фото: EPA-EFE/ANDRZEJ LANGE POLAND OUT

Украина „очајно се надева“ дека Јужна Кореја ќе ѝ обезбеди одбранбена воена опрема, како што се противвоздушни системи за одбрана од руски напади, изјави претседателот Володимир Зеленски во интервју за јужнокорејски весник.

Зеленски ѝ се заблагодари на Јужна Кореја за нејзиното ветување дека ќе испрати возила за деминирање и хуманитарна помош во вкупна вредност од околу 230 милиони долари, но рече дека Украина сака противвоздушни системи и системи за рано предупредување, објави во вторникот весникот „Чосун Илбо“.

„Знам дека има многу ограничувања во однос на поддршката за оружје, но овие принципи не треба да важат за одбранбените системи и опрема за заштита на нашите средства. Противвоздушниот систем не е оружје, туку чисто одбранбена опрема. Мора да имаме небесен штит за обнова на Украина и очајно се надевам дека Јужна Кореја ќе не поддржи во таа област“, рече Зеленски за споменатиот весник.

Тој истакна дека системот за рано предупредување на Јужна Кореја ќе помогне да се одбрани неговата земја од руски воздушни напади. Како сојузник на САД и главен извозник на оружје, Јужна Кореја досега ја отфрли можноста за испраќање воена помош за Украина, и покрај зголемениот притисок од Вашингтон и Европа, поради деловните врски со Русија и влијанието на Москва врз Северна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот