Зеленски побара од Албанија да не прима руски туристи

Обраќање на Зеленски во албанскиот Парламент/Фото МИА

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, од Киев се обрати преку видео кал до албанскиот парламент на посебна пленарна седница.

Обраќањето Зеленски го почна со честитка до сите муслимански верници по повод празникот Рамазан Бајрам.

– Вчера муслиманите го прославија Рамазан Бајрам. Ви посакувам тоа што го посакуваат сите Украинци, а тоа е мир. Украинците немаа ниту еден ден мир, беа неговите први зборови.

Тој искажа благодарност до Албанија за солидарноста со украинскиот народ и поддршката дадена за неговата земја во ОН.

– Вие сте на вистинската страна. Ви благодариме за конкретните чекори за Украина, против Русија, за грижата што ја правите за нашите деца и нашиот народ. Вашиот однос кон народот на Украина, кон децата на Украина, ме потсетува на Албанката Мајка Тереза, која стана симбол на хуманизмот ширум светот. Благодарен сум на Албанија во ОН. Мора да ги запреме фондовите на Русија, таа нема право да добие ниту цент. ОН купија производи во вредност од околу 2,4 милиони долари, тоа едноставно не е фер. Секој ден во Украина гинат деца. До сега загинаа 120 деца, а 406 беа повредени. Денеска е проштална церемонија за новинарката која беше убиена откако ракетата го погоди нејзиниот стан, рече Зеленски.

Работејќи заедно, додаде тој, ќе ја запреме оваа војна од Русија и побара од Албанија ограничувања за руските туристи и затворање на пристаништата.

– Работејќи заедно, ќе можеме да ја запреме оваа војна од Русија и да ја заштитиме Европа од евентуална војна во иднина. Иако во ЕУ се разговара за шестиот пакет санкции, руските банки треба целосно да се отстранат од глобалниот финансиски систем. Трговијата со Русија треба да се ограничи, зашто утре, може, да го погоди вашиот пазар кога таа ќе посака. Ограничете го доаѓањето на руските туристи, меѓу нив може да биде и убиец во Буча, затворете ги пристаништата за Русија. Таа е тиранија, таа е закана за целиот свет. Не отстапивме од европскиот пат и се залагаме за обединета Европа и верувам дека кога ќе дојде време Украина да влезе во ЕУ, вашиот глас ќе биде поддршка. Благодарам Албанија, благодарам за поддршката. Слава на Украина!”, заврши Зеленски.

По завршување на обраќањето пратениците станаа од собраниските столчиња и го поздравија со ракоплескање.

Од почетокот на војната, пред два месеци, претседателот Зеленски се обрати на специјална седница на Советот за безбедност на ОН и парламентите на Англија, Норвешка, Португалија, Финска, Грција, Словачка, Ирска, Романија, Кипар, Литванија и Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот