
Зеленски откри колку пари Украина троши годишно за одбрана од руската агресија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес, на заедничка прес-конференција со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола во Киев, откри колку ја чини неговата земја една година одбрана од руската агресија, пренесе „Укринформ“.
Препорачано
Украинскиот претседател рече дека буџетот за една година војна е 120 милијарди долари.
„Цената на војната за една година е 120 милијарди долари. Од тоа, 60 милијарди долари доаѓаат од украинскиот буџет, а за следната година треба да најдеме дополнителни 60 милијарди долари“, рече Зеленски.
Сепак, тој нагласи дека сè уште се надева дека војната ќе заврши оваа година и дека нема да им бидат потребни тие пари.
„Се надевам дека ќе ја завршиме оваа војна и тоа е нашиот план А, додека планот Б е да обезбедиме 120 милијарди долари за следната година. Ова е голем проблем. Не велам дека во мирно време, за време на прекин на огнот или под безбедносни гаранции, ќе ни требаат подеднакво големи суми пари, но во секој случај мора да го разберете обемот на проблемот“, рече украинскиот претседател.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5