Зеленски објави слики од уништувањето: Запрете ја Русија сега, ќе се охрабрат агресорите насекаде

Фото: Володимир Зеленски/Фејсбук

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на Фејсбук објави фотографии од уништувањето предизвикано од руската инвазија врз земјата, повикувајќи го Западот да ја запре Русија, бидејќи во спротивно нејзината агресија ќе охрабри и други агресори низ светот да започнат нови војни.

„Ако не ја запрете Русија сега, ако не ја казните сега, други агресори во светот ќе започнат други војни. Во различни делови на светот. На различни континенти. Секаде каде што една земја сонува да ги освои соседите“, напиша Зеленски.

Фото: Володимир Зеленски/Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот