Зеленски: Немаме време за губење, мора да дејствуваме брзо за да ги намалиме тензиите

Володимир Зеленски/ Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Париз изјави дека нема време за губење кога станува збор за решавање на затегнатоста во источниот дел на земјата.

Зеленски рече конфликтот во источна Украина, кој почна пред седум години по руската анексија на Крим, не е проблем само за Киев.

– Сега треба да дејствуваме многу брзо, разбирам дека ова е наш проблем, но мислам дека не е само наш проблем, туку станува збор за безбедноста на Европа, рече тој за Евроњуз.

Тој додаде дека мора брзо да се премине од зборови на конкретни дела.

Зеленски денеска во Париз разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон, а канцеларката Ангела Меркел учествуваше на состанокот преку видео-врска.

Меркел, Макрон и Зеленски повикаа на повлекување на руските сили од границата со Украина

Тројцата државници изразија загриженост за распоредувањето на руската армија на границата со Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот