Зеленски: Нема мир со Русија додека не ги повлече војниците

Володимир Зеленски, претседател на Украина/Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја отфрли можноста за какви било мировни преговори со Москва без претходно повлекување на руските трупи од територијата на Украина.

„Луѓето кои секојдневно убиваат, силуваат и пукаат во нашите градови со крстосувачки ракети не можат да сакаат мир. Прво треба да ја напуштат нашата територија, па ќе видиме“, рече тој.

На прес-конференцијата одржана во Лвов во западниот дел на Украина Зеленски предупреди дека „не треба да и се верува на Русија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот