Зеленски: Нема да има никаков масакр во Донбас

Володимир Зеленски/ Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, бидејќи Украина е „поинаква земја која ги почитува своите граѓани”.

-Ние сме поинакви луѓе, слободни, демократски. Сфаќаме дека таму живеат Украинци. И ние ги почитуваме граѓаните на Украина…. Нема да има никаков масакр…Ние сме  поинаква влада. За нас е најбитен човечкиот живот. Затоа, не ги примам таквите заклучоци, истакна Зеленски во интервју за телевизијата „1+1″.

Рускиот претседател Владимир Путин пред три дена изјави дека во Донбас може да се случи втора Сребреница доколку Киев воспостави контрола врз границата со Русија, а пред тоа да не ја обезбеди заштитата на граѓаните на Донбас, пренесоа руските медиуми.

Зеленски, исто така, смета дека некои точки од договорот од Минск можат да бидат променети, а посебно оние што се однесуваат на граничната контрола.

-Минаа четири години од Минск. Сè се менува во нашите животи. И ние сфаќаме дека не ние, како администрација, сме го потпишале Минск, но ние, како влада, сме должни да ги исполниме условите на кои тогашната влада се обврзала, изјави Зеленски.

Тој додаде дека, сепак, е сигурен дека некои работи можат да се променат.

-Некои работи ќе ги смениме, бидејќи токму предавањето на украинската државна граница под наша контрола после изборите, што дефинитивно е наш став, истакна украинскиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот