Володимир Зеленски / Фото EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Зеленски негира дека украинските сили се опколени во Курск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили продолжуваат со операции во руската област Курск и дека не се соочуваат со опколување, иако борбите во регионот се интензивни, јави Скај Њуз.

„Групирањето на руските сили јасно покажува дека Москва продолжува да ја игнорира дипломатијата“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, додавајќи дека Украина останува подготвена да ги информира своите партнери за ситуацијата на фронтот и по должината на границата.

Руските сили ја возвратија контролата над градот Суџа во Курск

Истовремено, украинскиот лидер соопшти дека неговата земја успешно тестирала нова ракета со дострел од 1.000 километри. „Ракетата „долгиот Нептун“ беше тестирана и успешно искористена во борба“, рече Зеленски, истакнувајќи дека ова е значаен чекор за украинската одбрана.

Ако оваа информација се потврди, Украина би добила способност да гаѓа цели многу подалеку од досегашниот максимален дострел на американските ATACMS ракети од 300 километри, што би можело да има значајно влијание врз воената состојба, наведува британскиот медиум

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот