Зеленски не знае кој стои зад нападот, но вети „силен одговор”

Украинскиот претседател Владимир Зеленски (десно) и неговиот советник Сергеј Шефир (лево)/ Фото EPA-EFE/PRESIDENTIAL PRESS SERVICE

Украинскиот претседател Влaдимир Зеленски вети „силен одговор” по обидот за атентат врз неговиот советник, напад за кој смета дека е насочен против реформските напори на Украина, пренесува Ројтерс.

„Одговорот ќе биде силен“ изјави Зеленски во видео запис испратен од Њујорк, каде што присуствува на Генералното собрание на ОН. Тој нагласи дека не знае кој ги наредил истрелите против неговиот прв советник Серхиј Шефир.

Зеленски вели дека пукањето во автомобилот на неговиот пријател, како „поздрав” кон него, е знак на слабост, но одговорот ќе биде силен. Тој вети дека ќе ја продолжи борбата против криминалот и влијателните финансиски групи, уверувајќи дека она што се случило нема да влијае врз силата на неговиот тим.

Според украинскиот претседател, нападот можеби бил организиран од внатрешни или надворешни сили.

Кремљ веднаш возврати

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени дека наводите за вмешаност на Русија се далеку од вистината, пренесува ТАС.

„Тие немаат никаква врска со реалноста. Се лошо што ќе се случи во Украина, веднаш го поврзуваат со Русија“, рече Песков.

Обид за атентат на главниот советник на Зеленски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот