Зеленски: Не планираме да ја нападнеме Русија

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Киев не планира да ја нападне територијата на Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Знам дека луѓето во САД или некој во Белата куќа вели дека би можеле да искористиме американските повеќенеменски ракетни системи за да ја нападнеме Русија. Видете, ние немаме планови да ја нападнеме Русија. Ние не сме заинтересирани за Руската Федерација и не се бориме за нивната територија, рече Зеленски во интервју за американската телевизија „Њузмакс”.

Тој посочи дека Украина не е подготвена да отстапи ниту еден дел од својата територија бидејќи во прашање е нејзината независност и суверенитет, пренесува Тасс.

Зеленски во интервјуто за „Њузмакс” додаде дека, сепак, има проблеми околу одредени територии и оти може да се разговара за детали.

-Неопходни се преговори за да се решат овие проблеми и предизвици преку дипломатски канали, рече Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот