Зеленски: На Украина и требаат пакети со оружје, а не зборови

Володимир Зеленски во Осло / Фото EPA-EFE/Javad Parsa /

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека е неопходно да се дејствува заеднички и одлучно на меѓународно ниво за да се блокира потенцијалот за рускиoт терор и рече дека на Украина и се потребни пакети оружје а не зборови.

-Секогаш кога Русија се обидува да ни ги уништи животите, од клучно значење е да одговориме колективно и решително на меѓународно ниво за да го намалиме и блокираме потенцијалот за терор. На Украина и треба сила за да го постигне тоа. Тоа е единствениот начин да се постигне праведен мир и да се стави крај на убиствата на нашиот народ. Провоздушна одбрана, способности со долг дострел, пакети со оружје и санкции против агресори, тоа се потребните дејства, а не само зборови, рече Зеленски на платформата Икс.

Тој потсети дека во текот на ноќта руските сили нападнале неколку украински градови со беспилотни летала и ракети, вклучувајќи ги регионите Одеса, Харков и Киев.

„Во овој момент во Харков се познати повеќе од 20 жртви, меѓу кои и едно дете. Оштетени се станбени згради и инфраструктура. Како резултат на нападот во Одеса, има оштетувања на обични куќи. Едно лице загина. Девет лица се повредени. Итните и спасувачките операции во Запорожје продолжуваат со работа по вчерашниот напад во кој загинаа осум лица, а повеќе од 40 лица беа повредени, меѓу кои и четири деца“, напиша Зеленски, јави Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот