Зеленски: На Украина и требаат директни разговори со Русија

Володимир Зеленски/ Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

На Украина и требаат директни разговори со Русија за да се стави крај на војната во источниот регион Донбас против силите поддржани од Москва, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој се обрати пред Парламентот откако Украина го повика НАТО да подготви економски санкции против Русија и да ја зајакне воената соработка со Киев со цел да ја одврати Москва од нов напад.

– Мораме да ја кажеме вистината дека нема да можеме да ја запреме војната без директни преговори со Русија, а денес тоа веќе го препознаа сите надворешни партнери, истакна Зеленски.

Кремљ претходно соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин не е против идејата за разговор со Зеленски, но дека „разговор само поради разговор е бесмислено” и Москва би сакала да види подготвена соодветна агенда за таков состанок.

Украина се приклучи на Алијансата на денешните разговори во Рига за тоа како да се одврати Русија од нов напад, тврдејќи дека Москва ангажира војници во близина на украинската граница.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот