Зеленски јавно го критикуваше Кличко за прв пат од почетокот на војната

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Во ретко јавно искажано несогласување меѓу украинските лидери, претседателот Володимир Зеленски го критикуваше градоначалникот на Киев дека не ја завршил добро работата во организирањето засолништа за да им помогне на граѓаните кои останале без струја и вода поради руските напади. Како резултат на руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура, властите отворија илјадници таканаречени „непобедливи“ центри во кои луѓето можат да се затоплат, вода, интернет и телефон.

Во своето обраќање, Зеленски сугерираше дека градоначалникот Виталиј Кличко и неговите соработници не направиле доволно. „За жал, локалните власти не ја завршија добро работата во сите градови. Во Киев имаше особено многу поплаки… Најблаго кажано, треба да се работи повеќе“, рече Зеленски.

„Обратете внимание, на луѓето во Киев им треба поголема помош, многумина се без струја по 20, до 30 часа. Очекуваме квалитетна работа од градоначалникот“, додаде тој.

Зеленски ги критикуваше и оние кои, како што рече, лажеле во официјалните извештаи, но не прецизираше на што конкретно мисли. Досега се отворени повеќе од 4.000 центри. Ова се необични изјави бидејќи од почетокот на војната Зеленски се обидува да остави впечаток на национално единство и обично ги пофалува другите функционери.
Од канцаларијата на градонаќалникот на Киев Кличкосè уште нема одоговор на овие критики на Зеленски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот