Зеленски ја продолжува „чистката“, сменет командантот на силите за специјални операции

Володимир Зеленски, претседател на Украина/Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, го смени Хрихориј Халахан, командантот на силите за специјални операции на украинската армија, со декрет објавен денеска на веб-страницата на Претседателството.

Со уште еден декрет од Зеленски, генералот Виктор Хоренко е назначен за нов командант за специјални операции, пренесе Тасс.

Генерал мајорот Халахан (44) беше командант на силите за специјални операции на украинската армија во Доњецк и Луганс од август 2020 година. Пред тоа, тој беше прв заменик началник на Центарот за специјални антитерористички операции на Службата за безбедност на Украина.

Од 2014 до 2019 година учествуваше во операции во Донбас.

Причината за неговата смена сѐ уште не се наведува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот