Зеленски им вети на Украинците обнова на уништените домови

Володимир Зеленски, претседател на Украина/Фото: EPA-EFE/ANDRZEJ LANGE POLAND OUT

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вети обнова на сите домови уништени во руската инвазија врз земјата.

Во видео-порака објавена изутринава тој истакна дека веќе се работи на план за реконструкција.

Независно од штетите Зеленски е уверен во способноста на земјата за брза обнова.

Инаку, во изјавата тој уште рече дека вчера не функционирале хуманитарните коридори отворени за евакуација на цивилното население. За тоа ја обвини руската страна која, како што рече, не престанала со огнот.

Зеленски уште истакна дека жителите на опколениот град Мариупол, кои успеале да пристигнат до блискиот град Бердјанск, се префрлени во Запорожје.

Градоначалникот на Маирупол, Вадим Боиченко, преку платформата „Телеграм” изјави дека немало прекин на огнот, но оти биле пропуштани патничките возила.

Според Зеленски, за последните 24 часа повеќе од шест илјади жители на Мариупол го напуштиле градот вклучително и две илјади деца, но некои од нив биле изложени на руски оган во областа Запорожје. Нема потврда за тоа од независни извори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот