Зеленски им се заблагодари на војниците кои ги протераа руските сили од Харков

Володимир Зеленски
Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им се заблагодари на украинските војници кои ги протераа руските војници од Харков.

„227. баталјон на 127 бригада за територијална одбрана на Украина! Ви благодарам многу”, изјави Зеленски во видео пораката објавена на Инстаграм, пренесе Би-би-си.

Зеленски упати благодарност до војниците во име на сите Украинци, него и неговото семејство.

„Мојата благодарност нема граници. Ви посакувам на сите здравје и внимавајте”, рече Зеленски.

Украинските војници кои го бранат градот Харков стигнаа до државната граница со Русија, изјави претходно денеска регионалниот гувернер Олех Синегубов.

Британските медиуми наведуваат дека Украина го враќа владението врз територијата на североистокот од земјата, истуркувајќи ги руските сили подалеку од Харков, вториот по големина град во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот